Tuesday, April 29, 2014

Дамјан Павлов: Јас сум реалист – секогаш на работите гледам со максимална реалност

Потрагата по таленти во истокот продолжи и на наша огромна среќа наидовме на Дамјан. Поточно станува збор за Дамјан Павлов од Виница кој има 15 години и поседува повеќе таленти кои му донесоа огромни успеси. Се надеваме дека тој како и сите наши досегашни ликови на блогот ќе ве инспирира и ќе ве потикне да работите на вашите таленти и желби.

Твое време: Со оглед на тоа што знаеме дека си успешен на повеќе полиња, кажи ни што е она што највеќе те исполнува?
Дамјан: Од мали нозе растев со математиката и уметноста. Она што ме исполнува е она што ме прави среќен. Природните науки, актерството и уметноста ми го исполнуваат секој ден. Свирам и пијано, но оваа година направив мала пауза. Се надевам дека ќе продолжам наскоро.
Твое време: Што е она во кое си најуспешен, а што е она во кое сакаш да го работиш во идинина?
Дамјан: Најуспешен сум во сето она што го работам. За мојата професија во иднина се' уште размислувам. Планирам да се запишам на Медицински факунтет, a во слободно време да се занимавам со нештата кои ги правам сега.

Успесите во СОУ "Гошо Викентиев" не запираат

СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани иако веќе неколкупати се докажа како училиште со многу успеси и признанија, деновиве сработениот филм  со наслов "Заедно да го насмевнеме светот" од страна на екипа од ученици се најде на списокот на најдобрите десет во натпреварот МАССУМ 2014, кој годинава ќе се одржи на 2 и 3 мај во Крушево. 
Ментор е професорката Павлина Атанасова, за која учениците велат дека секогаш ги поддржува во сите проекти и натпревари. Режијата е на ученикот Дени Илиов од четврта година. Сценариото е на Ивана Карова, ученичка во втора година, додека видео монтажата е на Гоце Димитров од четврта година. Актерската екипа ја сочинуваат: Христина Милцова, Виктор Крстевски, Иван Златанов, Горан Андов, Егбил Саидов и Славчо Јованов.

Екипата која работеше на филмот

Monday, April 28, 2014

Јована Јорданова: Најголемата поддршка и причината за мојата среќа е моето семејство



Истокот навистина раѓа таленти. Јована Јорданова е девојката која уште еднаш ќе ни го потврди тоа.
Станува збор за 15 годишна ученичка во СОУ "Љупчо Сантов" која поседува голема страст и љубов кон актерството. Стапивме во контакт со Јована, па проследете го нашиот разговор.

-Твое време: Кажи ни нешто повеќе за тебе. Што е она што најмногу те исполнува? 
-Јована: Здраво, ви благодарам што се сетивте и на нас актерите. Во животот најмногу ме исполнува актерството. Ме релаксира и ме исполнува, кога се соживувам со ликовите заборавам на се' останато.
-Твое време: Дали актерството е твоето хоби или пак работата која навистина сакаш да ја работиш? 

Friday, April 25, 2014

Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во ЈОУБ "Искра"

На ден 24.04.2014 во 14:00 часот во просториите на ЈОУБ "Искра" беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторкото право.
Членовите на ЛК "Копнеж" се претставија со свои литературни творби, а сите присутни добија книга и цвеќе. 
Читањето беше посветено на книгата, а беа прочитани и пораки од УНЕСКО и македонската порака од нашиот автор Митко Маџунков.

Tuesday, April 22, 2014

СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани и оваа година учесник на МАССУМ

Како и секоја година, така и оваа СОУ "Гошо Викентиев" се најде меѓу учесниците на МАССУМ. Учениците во последните подготовки, ни ги споделија импресиите и очекувањата.
-"Ќе дадеме се' од себе, ќе се потрудиме да бидеме меѓу најдобрите, како и секогаш. Знаеме дека конкуренцијата е голема, но сепак веруваме во нашите знаења и квалитети. Нашите ментори се нашата најголема поддршка, како и нашиот директор Димче Сребренов. Нашето досегашно искуство не прави уште поспремни, веруваме дека од Крушево ќе се вратиме со многу награди и признанија." - изјавија учениците од втора, трета и четвра година.

Учениците од СОУ "Гошо Викентиев" на МАССУМ 2013, Тетово

Friday, April 11, 2014

Ангелчо Илиевски гостин во М.О. Авангарда во СОУ "Гошо Викентиев"

Веќе традиционално секоја година во М.О. Авангарда при СОУ "Гошо Викентиев" гостуваат познати личности од нашиот крај. Минатата година нивен гостин беше комичарот Бојан Велевски. 


Овојпат по желба на учениците и членовите на М.О. Аванграда гостуваше познатиот режисер и актер Ангелчо Илиевски. 


Ангелчо Илиевски своето основно и средно образование го завршува во Кочани, во негониот роден град. Средното училиште го завршил во СОУ "Гошо Викентиев" и бил поранешен претседател на М.О. Авангарда.


Моментално е студент на Драмскиот факултет во Скопје.

Илиевски на денешното гостување учениците ги запозна со познатите форми на театарот, што претставува театарот и друго.
-"За да бидеш актер и да успееш во оваа професија, треба да жртвуваш многу работи" - кажа Илиевски.
-"Зошто дозволуваме секој човек после неговата смрт сосем да се заборави? Верувајте во себе, отворете ги очите и направете нешто вешто и вистинско за да се зборува за вас и после стотина години." - додаде.

Sunday, April 6, 2014

Ивана Карова - КОЛУМНА: Приказните секогаш имаат две страни

И додека размислував како да почнам да пишувам за оваа тема, се обидував да го најдам основниот проблем со кој се соочуваме денес. Но овде сте и вие да ми помогнете, зар не? 
Верувам дека и вам како и мене ви е смачено од безначајните празни муабети за тоа какво момче имала другарката на другарка и, што се случувало минатата недела, колку добро и стоеле потпетиците на девојката, колку момчиња имала, а била во основно итн. Верувам дека ви е смачено и од постојаното озборување и исмејување, било на ваша или нечија сметка. Мислам дека е време да ги формулираме сфаќањата и јадрата, т.е. мотивите на овие зла, заеднички.

Пред некое време прочитав: „Озборувањето е опиум за потиснатите“. Кога подобро би тргнале кон сознанијата, би се соочиле со околностите. Околностите во кои постоиш и ти. Дали го знаете она чувство кога несигурно и со страв чекорите со железни обувки по подот од стакло? Толку тивко за да не ги разгорите бунтовните фантазии на луѓето. Се прашувам, што е она што не прави толку љубопитни? Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта. Што би рекол еден другар: Само ограничените умови се занимаваат со останатите и борбата за врвот.