Monday, March 31, 2014

Професори од СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани во Германија

Група професори од СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани се во посета на градот Ахен - Германија, каде во рамките на проектот финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност (преку Програмата Доживотно учење), ќе презентираат сопствени изработки на картинг и лего роботи од  СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани.  





Tuesday, March 25, 2014

Промоција на монографијата "Кучичино - минато, сегашност и иднина"

Денеска во просториите на ЈОУБ "Искра" во Кочани се одржа промоција на монографијата "Кучичино - минато, сегашност и иднина" чиј автор е Славица Цветкова, професор по македонски јазик и литература во СОУ "Гошо Викентоев" - Кочани и воедно претседател на ЛК "Копнеж".
"Кучичино - минато, сегашност и иднина" е монографија за селото Кучичино во која авторот пишува и ги искористува сознанијата добиени од теренското истражување.
Кучичино е село кое денес припаѓа на Општината Чешиново - Облешево.

Saturday, March 22, 2014

Зоран Мицев: "Коцките ми се редат така како што треба, а најмногу ме радува љубовта"

Зоран Мицев живее во Кочани. Пишува поезија и е член на Литературниот клуб "Копнеж" од Кочани. За себе вели дека е позитивна и амбициозна личност и дека најмногу го радува љубовта. Неговата права книга беше издадена во 2012 година, а веќе подготвува и нешто ново. Прочитајте нешто повеќе за овој млад автор. 

Твое време: Кажете ни нешто повеќе за вас. Што е она што најмногу ве радува во животот?
Зоран Мицев: 100% сум свој-оригинален, добра и позитивна личност, упорен, амбициозен. Ќе цитирам една мисла - "Својот успех го должам на тоа што со почит сум ги ислушувал добрите совети, а потоа сум го правел токму спротивното"-Г.К.Честертон. Ме радува самиот живот, го живеам секој момент од животот, коцките ми се редат така како што треба, а најмногу ме радува љубовта.
Твое време: Кога беше издадена вашата книга и какви успеси ви донесе?
Зоран Мицев: Мојата стихозбирка "Темјанушка" беше издадена во 2012 година. Не сакам и не можам да кажам дека сум на врвот, но ми се случуваат многу убави, добри и позитивни нешта. За кратко време и со само една книга постигнав огромен успех и стекнав огромна популарност не само во Р.Македонија, туку и надвор од нејзе. Мојата поезија е позитивно прифатена и оценета од читателската публика и критичката јавност. Резиме-промоции,манифестации,прилози на веб порталите Зеница.мк,Think.mk, Комарец.мк, во локални весници и брошури, во книги на други автори, на двете локални телевизии и на многу страници поврзани со поезија и проза, редовен член во ЛК "Копнеж" итн.

Wednesday, March 19, 2014

Ивана Карова - КОЛУМНА: Стравот од исмејување - пречка кон успехот


Кога ја наполнив мојата 16-та година мислев дека сите околу мене ми се непријатели. Ги одврзав јазлите на трпението и повеќе се посветив на самодовербата и почита кон самата себе, оставајќи доволно длабока јама помеѓу мене и егото, за да останам спремна за во самоодбрана. 
Помина и тоа. Сега сум само личност која строго гледа на работите кон себе, барајќи уште (кога станува збор за надградувањето на самата себе). Во меѓувреме наидувам на сопатници, личности кои се подготвуваат за тој пат, барајќи парче поддршка иако мотивот веќе го имаат. Конечно дојдовме до јадрото на темата: Стравот од неуспехот, стравот од товарот, стравот од исмејување.
Кога станува збор за стравот од исмејување, во овој случај личноста се наоѓа во зоната на совладување, поточно зоната во која дозволува останатите да командуваат со неа. Едноставно кажано, личноста има талент, можност, скромност, желба, надеж дека ќе успее, поддршка од родителите, но огромен страв од исмејување од околината, т.е. публиката пред која ќе се прикаже сработеното. Ваќа умираат дел таленти секојдневно, додека тивко се повлекуваат во силуетата на рамката од неостварени идеи.

Friday, March 7, 2014

Ивана Карова: "Премногу сум врзана за семејството, тоа е мотивот за моите успеси"


Позитивна, насмеана и полна со енергија. Таква ја сретнавме Ивана Карова додека следевме културна манифестација во Домот на културата. Си ги споделивме импресиите од настанот, па љубопитно чепнавме во нејзиниот приватен живот и откривме нови работи и успеси. 

Твое време: Твојата прва книга беше издадена во 2011 година. Ти донесе големи успеси. Дали подготвуваш нешто ново? 
Ивана: Помина многу време од промоцијата на мојата прва книга, но добро се сеќавам дека тогаш пред најблиските ветив дека нема да застанам таму. Пишувам да, дело со поинаква форма. Моментално вложувам многу во него, се надевам на добар плод. 
Твое време: "Поезијата е мојата прва љубов" - изјави пред 2 години пред локалните медиумски телевизии. Од кога пишуваш и кои се твоите почетоци?
Ивана: Пишувам и творам од кога ги научив буквите и потоа веднаш станав член на ЛК "Копнеж" (се смее). Цели 9 години растам и созревам во тој клуб. Стекнав големо искуство од страна на повозрасните членови. Им благодарам.
Твое време: Дали е тешко да се пишува поезија? 
Ивана: Мојата професорка по Македонски јазик и литература Љубинка Донева, вели: "Поезијата е она најчистото и највистинското јадро. Ако имаш стотина камчиња песок, ти треба да ги избереш најдобрите и најсјајните, вклопувајќи ги на вистинското место во стихот. Па така, поезијата за разлика од прозата е потешка за создавање".

Маријана Николова: Секогаш велам: „Ако нешто треба да ми се случи мене, ќе ми се случи баш тогаш кога треба“

Маријана Николова е девојка со своја успешна кариера. Повеќе позната во својот град Виница, па да ја запознаеме и ние.



Твое време: Кажи ни нешто повеќе за тебе. Што е она што те прави среќна и што  најмногу сакаш да правиш?
Маријана: Типична девојка. Ме прави среќна насмевката на луѓето што ги сакам и што ми значат, убавите зборови и блискоста која ја имам со нив.
Твое време: Автор си на твое дело. Кога беше издадена книгата и дали пишуваш ново дело?
Маријана: Промоцијата на книгата беше на 25 мај 2012 година. Отогаш па до сега не престанав да пишувам. Планирам моето второ дело да излезе до крајот на јуни.
Твое време: Од кого ја добиваш најголемата поддршка?
Маријана: Најголемата поддршка ја добивам од семејството и од најблиските роднини. Пријателите се исто така секогаш тука за мене и дел од професорите во гиманзијата.

Wednesday, March 5, 2014

Александар Арсов: Се има посебна убавина, добриот фотограф треба да ја препознае и да ја искористи

Уште една талентирана личност во нашето градче Кочани. Случајно го фативме "на дело" во паркот со својот фотоапарат, па си направивме муабет. Станува збор за Александар Арсов, момче со преголема страст и љубов кон фотографирањето. 

Твое време: На интернет порталите веќе подолго време се популарни твоите фотографии. Кажи ни нешто повеќе за твојата љубов кон фотографирањето. Колку време се занимаваш со фотографирање?
Александар: Морам да признаам дека тоа беше љубов на прв поглед.   Добро се сеќавам кога ‟еден прекрасен сончев викенд‟ со моите пријатели излеговме да прошетаме. Бевме мали. Имавме околу 11 или 12 години.
Сретнавме пријатели кои беа повозрасни од нас, а едниот од нив носеше фотоапарат.

Sunday, March 2, 2014

ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ДАФ


Годанава ДАФ прославува јубилејно издание, поточно Кочани ќе биде домаќин на 50-тото јубилејно издание на Драмскиот Аматерски Фестивал (ДАФ) од 26 до 31 Мај.



 Пријавувањето за годинешната јубилејна културна манифестација завршува заклучно со 31 Март.



За проектите и драмите кои ќе се прикажуваат е составена комисија која ќе ги избере најдобрите до 30 Април.



Saturday, March 1, 2014

Од септември ромскиот јазик ќе се изучува како изборен предмет во Кочани

Ромскиот јазик полека е во изумирање, учениците од ромската националност зборуваат се повеќе на македонски или турски јазик, велат надлежните од училиштата.


Со цел зачувување и враќање во употреба на ромскиот јазик децата во училиштата ќе имаат право да изберат да учат ромски јазик веќе од септември.


Засега изучувањето на ромскиот јазик ќе се спроведе во ОУ "Раде Кратовче" - Кочани, поради големиот број ромски ученици каде моментално ги има 157.