Кога ја наполнив мојата 16-та година
мислев дека сите околу мене ми се непријатели. Ги одврзав јазлите на трпението
и повеќе се посветив на самодовербата и почита кон самата себе, оставајќи
доволно длабока јама помеѓу мене и егото, за да останам спремна за во
самоодбрана.
Помина и тоа. Сега сум само личност
која строго гледа на работите кон себе, барајќи уште (кога станува збор за
надградувањето на самата себе). Во меѓувреме наидувам на сопатници, личности
кои се подготвуваат за тој пат, барајќи парче поддршка иако мотивот веќе го
имаат. Конечно дојдовме до јадрото на темата: Стравот од
неуспехот, стравот од товарот, стравот од исмејување.
Кога станува збор за стравот од
исмејување, во овој случај личноста се наоѓа во зоната на совладување, поточно
зоната во која дозволува останатите да командуваат со неа. Едноставно кажано,
личноста има талент, можност, скромност, желба, надеж дека ќе успее, поддршка
од родителите, но огромен страв од исмејување од околината, т.е. публиката пред
која ќе се прикаже сработеното. Ваќа умираат дел таленти секојдневно,
додека тивко се повлекуваат во силуетата на рамката од неостварени идеи.