Кога ја наполнив мојата 16-та година
мислев дека сите околу мене ми се непријатели. Ги одврзав јазлите на трпението
и повеќе се посветив на самодовербата и почита кон самата себе, оставајќи
доволно длабока јама помеѓу мене и егото, за да останам спремна за во
самоодбрана.
Помина и тоа. Сега сум само личност
која строго гледа на работите кон себе, барајќи уште (кога станува збор за
надградувањето на самата себе). Во меѓувреме наидувам на сопатници, личности
кои се подготвуваат за тој пат, барајќи парче поддршка иако мотивот веќе го
имаат. Конечно дојдовме до јадрото на темата: Стравот од
неуспехот, стравот од товарот, стравот од исмејување.
Кога станува збор за стравот од
исмејување, во овој случај личноста се наоѓа во зоната на совладување, поточно
зоната во која дозволува останатите да командуваат со неа. Едноставно кажано,
личноста има талент, можност, скромност, желба, надеж дека ќе успее, поддршка
од родителите, но огромен страв од исмејување од околината, т.е. публиката пред
која ќе се прикаже сработеното. Ваќа умираат дел таленти секојдневно,
додека тивко се повлекуваат во силуетата на рамката од неостварени идеи.
Додека
останатиот дел личности се соочуваат со ваквата ситуација и се борат за нешто.
Кариера, пари, успех или пак борба за подобра иднина со која ќе го одгледува
идното семејство.
Кога плодот од постигнатиот труд се
раѓа и прави дамка на колоридот бои кои ги гледа спротивната личност, во
зависност од неговиот карактер тој ќе биде искрен со тебе, ќе остане скромен и
насмеан оставајќи те, иронично ќе ти се изнасмее и ќе те прегази со гордоста или
пак ќе те прегрне и ќе ти посака нови успеси. Ова е тоа од кое сите се плашиме.
Кршење мраз со чекан од вода и оган човече. И пак останува само мразот.
Љубомората произлегува од неизедначеноста, нееднаквоста, немоќта, туѓата среќа.
Не ги сфаќам љубоморните луѓе. Љубомората е само губење време, затоа што ако си
љубоморен некому, а тој си ги живее животот и си поминува убаво, во што е тогаш
поентата?
Стравот од исмејување е и твојата
пречка кон целта која ти носи успех? Се плашиш гордо да ги прикажеш своите
квалитети и идеи? Мислиш дека има подобри од тебе во твоите визии? Твојот сон е
твоја патека на стабилноста. Резултатите од трудот денес, ќе ти се вратат,
најдат и послужат после некое време кога сите останати околу тебе ќе бидат во
својот универзум. Затоа не плаши се што ќе кажат другите, овој живот сите прв
пат го живееме, затоа мора и да грешиме. Љубомората е признание што просечните
им го даваат на генијалците, а генијалците се оние кои својот став го заковале
цврсто во себе и се среќни на самите себе.
Ивана Карова
No comments:
Post a Comment