Saturday, March 22, 2014

Зоран Мицев: "Коцките ми се редат така како што треба, а најмногу ме радува љубовта"

Зоран Мицев живее во Кочани. Пишува поезија и е член на Литературниот клуб "Копнеж" од Кочани. За себе вели дека е позитивна и амбициозна личност и дека најмногу го радува љубовта. Неговата права книга беше издадена во 2012 година, а веќе подготвува и нешто ново. Прочитајте нешто повеќе за овој млад автор. 

Твое време: Кажете ни нешто повеќе за вас. Што е она што најмногу ве радува во животот?
Зоран Мицев: 100% сум свој-оригинален, добра и позитивна личност, упорен, амбициозен. Ќе цитирам една мисла - "Својот успех го должам на тоа што со почит сум ги ислушувал добрите совети, а потоа сум го правел токму спротивното"-Г.К.Честертон. Ме радува самиот живот, го живеам секој момент од животот, коцките ми се редат така како што треба, а најмногу ме радува љубовта.
Твое време: Кога беше издадена вашата книга и какви успеси ви донесе?
Зоран Мицев: Мојата стихозбирка "Темјанушка" беше издадена во 2012 година. Не сакам и не можам да кажам дека сум на врвот, но ми се случуваат многу убави, добри и позитивни нешта. За кратко време и со само една книга постигнав огромен успех и стекнав огромна популарност не само во Р.Македонија, туку и надвор од нејзе. Мојата поезија е позитивно прифатена и оценета од читателската публика и критичката јавност. Резиме-промоции,манифестации,прилози на веб порталите Зеница.мк,Think.mk, Комарец.мк, во локални весници и брошури, во книги на други автори, на двете локални телевизии и на многу страници поврзани со поезија и проза, редовен член во ЛК "Копнеж" итн.
Твое време: Од каде ја црпите инспирацијата и кој е вашиот мотив? 
Зoран Мицев: Најголема инспирација ми е љубовта, а досегашниот успех е мојот мотив да продолжам и понатаму да творам.
Твое време: Дали подготвувате некое ново дело?
Зоран Мицев: Подготвувам не едно, туку повеќе нови дела, кој ќе излезат во јавноста во моментот кога ќе почувствувам потреба за нови успеси.
Твое време: Кој е вашата најголема поддршка во животот?
Зoран Мицев: Поддршката од други автори, читателите, секако од моето семејство, а најмногу од мојата љубов.

No comments:

Post a Comment