СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани иако веќе неколкупати се докажа како училиште со многу успеси и признанија, деновиве сработениот филм со наслов "Заедно да го насмевнеме светот" од страна на екипа од ученици се најде на списокот на најдобрите десет во натпреварот МАССУМ 2014, кој годинава ќе се одржи на 2 и 3 мај во Крушево.
Ментор е професорката Павлина Атанасова, за која учениците велат дека секогаш ги поддржува во сите проекти и натпревари. Режијата е на ученикот Дени Илиов од четврта година. Сценариото е на Ивана Карова, ученичка во втора година, додека видео монтажата е на Гоце Димитров од четврта година. Актерската екипа ја сочинуваат: Христина Милцова, Виктор Крстевски, Иван Златанов, Горан Андов, Егбил Саидов и Славчо Јованов.
No comments:
Post a Comment