На ден 13.02.2014 година во просториите на ЈОУБ Искра членовите на ЛК "Конеж" ги одбележаа двата празника. Тие пред кочанската публика се претставија со свои дела посветени на празниците „Свети Трифун“ и „Свети Валентин“.
На крајот од манифестацијата беа доделени наградите за најредовни читатели. Најредовен читател кај возрасните е Лидија Дојчинова, а Катерина Трифунова кај децата со повеќе од 150 прочитани книги во 2013 година.