Tuesday, March 25, 2014

Промоција на монографијата "Кучичино - минато, сегашност и иднина"

Денеска во просториите на ЈОУБ "Искра" во Кочани се одржа промоција на монографијата "Кучичино - минато, сегашност и иднина" чиј автор е Славица Цветкова, професор по македонски јазик и литература во СОУ "Гошо Викентоев" - Кочани и воедно претседател на ЛК "Копнеж".
"Кучичино - минато, сегашност и иднина" е монографија за селото Кучичино во која авторот пишува и ги искористува сознанијата добиени од теренското истражување.
Кучичино е село кое денес припаѓа на Општината Чешиново - Облешево.

Славица Цветкова има напишано и објавено повеќе книги, како што се: "Диви цреши", "Корени", "Здравица", "Теранци низ времето" - монографија за селото Теранци и други.

No comments:

Post a Comment