Твое време: Кажи ни нешто повеќе за тебе. Што е она што те прави среќна и што најмногу сакаш да правиш?
Маријана: Типична девојка. Ме прави среќна насмевката на луѓето што ги сакам и што ми значат, убавите зборови и блискоста која ја имам со нив.
Твое време: Автор си на твое дело. Кога беше издадена книгата и дали пишуваш ново дело?
Маријана: Промоцијата на книгата беше на 25 мај 2012 година. Отогаш па до сега не престанав да пишувам. Планирам моето второ дело да излезе до крајот на јуни.
Твое време: Од кого ја добиваш најголемата поддршка?
Маријана: Најголемата поддршка ја добивам од семејството и од најблиските роднини. Пријателите се исто така секогаш тука за мене и дел од професорите во гиманзијата.
Твое време: Кажи ни нешто повеќе за претставата “Грешката да си жив”.
Маријана: Претставата „Грешката да си жив" беше една од поуспешните претстави направени од страна на аматерите во Виница. Текстот е на Алдо Де Бенедети, а ја режираше професорот Орце Павлов.
Претстава во која се прикажува како материјалното богатство е повеќе ценето од духовното богатство во животите на луѓето.
Прекрасно искуство за мене, дружба, смеа и многу, многу љубов кон она што го работевме.
Твое време: Планови за во иднина?
Маријана: Не сум тип на човек кој ја крои иднината. Секогаш велам: „Ако нешто треба да ми се случи мене, ќе ми се случи баш тогаш кога треба“.
No comments:
Post a Comment