Tuesday, April 29, 2014

Дамјан Павлов: Јас сум реалист – секогаш на работите гледам со максимална реалност

Потрагата по таленти во истокот продолжи и на наша огромна среќа наидовме на Дамјан. Поточно станува збор за Дамјан Павлов од Виница кој има 15 години и поседува повеќе таленти кои му донесоа огромни успеси. Се надеваме дека тој како и сите наши досегашни ликови на блогот ќе ве инспирира и ќе ве потикне да работите на вашите таленти и желби.

Твое време: Со оглед на тоа што знаеме дека си успешен на повеќе полиња, кажи ни што е она што највеќе те исполнува?
Дамјан: Од мали нозе растев со математиката и уметноста. Она што ме исполнува е она што ме прави среќен. Природните науки, актерството и уметноста ми го исполнуваат секој ден. Свирам и пијано, но оваа година направив мала пауза. Се надевам дека ќе продолжам наскоро.
Твое време: Што е она во кое си најуспешен, а што е она во кое сакаш да го работиш во идинина?
Дамјан: Најуспешен сум во сето она што го работам. За мојата професија во иднина се' уште размислувам. Планирам да се запишам на Медицински факунтет, a во слободно време да се занимавам со нештата кои ги правам сега.

Успесите во СОУ "Гошо Викентиев" не запираат

СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани иако веќе неколкупати се докажа како училиште со многу успеси и признанија, деновиве сработениот филм  со наслов "Заедно да го насмевнеме светот" од страна на екипа од ученици се најде на списокот на најдобрите десет во натпреварот МАССУМ 2014, кој годинава ќе се одржи на 2 и 3 мај во Крушево. 
Ментор е професорката Павлина Атанасова, за која учениците велат дека секогаш ги поддржува во сите проекти и натпревари. Режијата е на ученикот Дени Илиов од четврта година. Сценариото е на Ивана Карова, ученичка во втора година, додека видео монтажата е на Гоце Димитров од четврта година. Актерската екипа ја сочинуваат: Христина Милцова, Виктор Крстевски, Иван Златанов, Горан Андов, Егбил Саидов и Славчо Јованов.

Екипата која работеше на филмот