Секоја личност е статуа за доказ на свое постоење, своја самостојност и
цврст карактер кога станува збор за неговите особини. Човек почнува да живее,
кога ќе успее да се надживее себе си. Затоа додека се трудиме да бидеме пример
за совршеност во овој 21 век, најпрвин да ги согледаме причините кои не
базираат кон таа мисла. Никој човек не е совршен, а и ти си човек. Позитивната
мисла и оптимизмот се само мал дел од сето она кое можеш ти самиот да го
создадеш, кога станува збор за среќата.
Секојдневно наидувам и се среќавам со луѓе кои имаат изградено свое мислење
и се трудат да го заштитат, воедно сакаат и да го пренесат. Секојдневно наидувам
на личности на различни возрасти, кои се борат со емоциите додека говорат во јавност.
Никогаш не сме се запрашале, како се чувствуваат ТВ презентерите и водителите
на различни емисии, кои секогаш или често ги гледаме насмеани или пак сериозни
на малите ТВ екрани. Никогаш не сме се запрашале какви биле нивните почетоци,
воедно, немора да станува збор за ТВ ѕвезди, во ова влегуваат и секојдневните
минувачи на улица, твоите пријатели, луѓето од твоето општество. Зошто? Затоа
што секој има право на свое мислење, свои став и его, како и свои мислења кои иако
можеби се несфатливи за останатите, сакаме да се избориме за нашата визија.
Говорење во јавност. Самата помисла некои луѓе ги води кон страв и трепет,
додека пак некои истото го сетуваат додека ја постигнуваат кулминацијата, т.е. моментот
на вистината и реалноста. За добро и прецизно говорење во јавност не се
потребни само идеите и мислите, овде припаѓа и вашето однесување, поточно како
ќе говори ставот на вашето тело и вашето лице. Додека размислуваме како да го
надминеме стравот кој сосема не повлекува зад завесите, подобро да помислиме на
успесите кои ќе се родат откако ќе се надминеме себе си. Понекогаш е потребно
себе си да се третираш како личност со совршени постапки, додека се трудиш да
постигнеш нешто што веруваш дека е недостижно. Зборувам за самодовербата, која
сакав да ви ја опишам на начин кој полесно ќе го создадете. Освен
самодовербата, публиката во еден случај е причина за трема, а во друг случај
огромна инспирација за говорење во јавност. Грешки се случуваат, затоа не
обрнувајте премногу внимание на вашите несакани пропусти. Продолжете понатаму
со поголема самодоверба и воодушете ја поблуката, воедно докажувајќи и дека вие
умеете да го правите истото. Трудете се да изгледате позитивни и насмеани, а со
тоа ќе оставите добар впечаток кај публиката.
Верувајте во себе. Имајте верба во своите способности. Без здраворазумска, но
значителна доверба во себе и своите моќи не можеш да бидеш успешен и среќен,
рекол Норман Винсент Пил. Затоа пред тремата да те фати за гуша и да ти го
пресече патот, крени ја главата и не заборавај ја насмевката. Постојат милион
други причини од кои треба да се стравува. Позитивната мисла и големата самодоверба
се мапата на успехот. Водичите кон целта. Не штеди ги емоциите и своите
способности кои некогаш можеби водат кон кариера која ќе ве одведе кон добра
иднина.Затоа кажи го своето, дури и кога гласот ти трепери!
Ивана Карова
Кочани
No comments:
Post a Comment