И додека
размислував како да почнам да пишувам за оваа тема, се обидував да го најдам
основниот проблем со кој се соочуваме денес. Но овде сте и вие да ми помогнете,
зар не?
Верувам дека и вам како и мене ви е смачено од
безначајните празни муабети за тоа какво момче имала другарката на другарка и,
што се случувало минатата недела, колку добро и стоеле потпетиците на
девојката, колку момчиња имала, а била во основно итн. Верувам дека ви е
смачено и од постојаното озборување и исмејување, било на ваша или нечија
сметка. Мислам дека е време да ги формулираме сфаќањата и јадрата, т.е. мотивите
на овие зла, заеднички.
Пред
некое време прочитав: „Озборувањето е опиум за потиснатите“.
Кога подобро би тргнале кон сознанијата, би се соочиле со
околностите. Околностите во кои постоиш и ти. Дали го знаете она чувство кога
несигурно и со страв чекорите со железни обувки по подот од стакло? Толку тивко
за да не ги разгорите бунтовните фантазии на луѓето. Се прашувам, што е она што
не прави толку “љубопитни”? Кукавички
е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените
озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта. Што би рекол еден другар: “Само ограничените умови се занимаваат со останатите и
борбата за врвот.”