Sunday, April 6, 2014

Ивана Карова - КОЛУМНА: Приказните секогаш имаат две страни

И додека размислував како да почнам да пишувам за оваа тема, се обидував да го најдам основниот проблем со кој се соочуваме денес. Но овде сте и вие да ми помогнете, зар не? 
Верувам дека и вам како и мене ви е смачено од безначајните празни муабети за тоа какво момче имала другарката на другарка и, што се случувало минатата недела, колку добро и стоеле потпетиците на девојката, колку момчиња имала, а била во основно итн. Верувам дека ви е смачено и од постојаното озборување и исмејување, било на ваша или нечија сметка. Мислам дека е време да ги формулираме сфаќањата и јадрата, т.е. мотивите на овие зла, заеднички.

Пред некое време прочитав: „Озборувањето е опиум за потиснатите“. Кога подобро би тргнале кон сознанијата, би се соочиле со околностите. Околностите во кои постоиш и ти. Дали го знаете она чувство кога несигурно и со страв чекорите со железни обувки по подот од стакло? Толку тивко за да не ги разгорите бунтовните фантазии на луѓето. Се прашувам, што е она што не прави толку љубопитни? Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта. Што би рекол еден другар: Само ограничените умови се занимаваат со останатите и борбата за врвот.
Озборувањето произлегува од суетата. Одамна прочитав  и статија дека озборувањето во нормална мера е здраво, зошто потикнува лачење на хормонот за среќа. Зарем не останаа други нешта на кои би се радувале?

Нам ни е потребна поддршка и среќа, убав збор и потпора. Нам ни е потребно единство и дружење. Овој универзум сеуште ќе колни и пати испраќајќи не кон вистинскиот пат. А ние и покрај се', сме робови на сопствената гордост и суета. 
Сеедно. Ако на патот кон визиите запираме и маваме по сите кучиња  кои не лаат, тогаш никогаш нема да успееме и да пристигнеме до целта. 
На крајот на краиштата и после сите озборувања и глумење кловнови за нечиј мотив за истото, сите ќе заминеме дома кај родителите и ќе сонуваме за подобар ден. Сите ние сме само луѓе кои се радуваат и на трошка задоволство, веќе сфативме.



                                                                                                                              Ивана Карова




No comments:

Post a Comment