Tuesday, April 22, 2014

СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани и оваа година учесник на МАССУМ

Како и секоја година, така и оваа СОУ "Гошо Викентиев" се најде меѓу учесниците на МАССУМ. Учениците во последните подготовки, ни ги споделија импресиите и очекувањата.
-"Ќе дадеме се' од себе, ќе се потрудиме да бидеме меѓу најдобрите, како и секогаш. Знаеме дека конкуренцијата е голема, но сепак веруваме во нашите знаења и квалитети. Нашите ментори се нашата најголема поддршка, како и нашиот директор Димче Сребренов. Нашето досегашно искуство не прави уште поспремни, веруваме дека од Крушево ќе се вратиме со многу награди и признанија." - изјавија учениците од втора, трета и четвра година.

Учениците од СОУ "Гошо Викентиев" на МАССУМ 2013, Тетово


МАССУМ годинва ќе се одржи на 2 и 3 мај во Крушево.
Учениците од СОУ "Гошо Викентиев" ќе се напреваруваат во сите категории, како што се:
бенд, филм, видео реклама, поетска творба, драма, спортски натпревари, модна ревија и други.

Па дечки, со среќа!

No comments:

Post a Comment