Потрагата по таленти во истокот продолжи и на наша огромна среќа наидовме на Дамјан. Поточно станува збор за Дамјан Павлов од Виница кој има 15 години и поседува повеќе таленти кои му донесоа огромни успеси. Се надеваме дека тој како и сите наши досегашни ликови на блогот ќе ве инспирира и ќе ве потикне да работите на вашите таленти и желби.
Твое време: Со оглед на тоа што знаеме дека си успешен на повеќе полиња, кажи ни што е она што највеќе те исполнува?
Дамјан: Од мали нозе растев со математиката и уметноста. Она што ме исполнува е она што ме прави среќен. Природните науки, актерството и уметноста ми го исполнуваат секој ден. Свирам и пијано, но оваа година направив мала пауза. Се надевам дека ќе продолжам наскоро.

Твое време: Што е она во кое си најуспешен, а што е она во кое сакаш да го работиш во идинина?
Дамјан: Најуспешен сум во сето она што го работам. За мојата професија во иднина се' уште размислувам. Планирам да се запишам на Медицински факунтет, a во слободно време да се занимавам со нештата кои ги правам сега.
Твое време: Кажи ни нешто повеќе за драмата на која се работи во моментот. Кој лик ќе го толкуваш?
Дамјан: Моментално работиме на драмата "Посета во невреме" или "КИРИЛ" од писателот Копи. Драмата е црна комедија, зборува за шест ликови: Кирил, медицинската сестра, Реџина, новинарка, професорот Вертудо и Ибер. Целата драма е како пајажина која полека се кине. Јас ќе го играм Кирил, бидејќи мислам дека со тој лик најмногу ќе можам да се соживеам. Никогаш не земам лик кој не би можел да го оживеам на сцената.
Твое време: Што е она на кое си најгорд и кои се твоите досегашни успеси?
Дамјан: Се надевам дека постигнав доволно за моите 15 години и се надевам да бидам уште подобар. До сега имам играно во четири претстави со кои "Ајде да си речиме уште една" - добивме "Гран При" на ДАФ, имам компонирано две композиции за пијано, третата се' уште не е дефинирана.
Твое време: Дали мислиш дека Виница е град во кој младите имаат простор и можност да ги прикажат и промовираат своите таленти пред публиката?
Дамјан: Виничани се народ со култура кои сакаат да живеат со неа. На сите нам ни се нудат многу можности преку кои би го истакнале најдоброто од нас. Додека би зборувал за себе, ќе кажам само дека после секој мој настап во литературата, глумата, музиката и се останато, моите сограѓани го почитуваат сработеното и се интересираат за мене.
Твое време: Со оглед на тоа што пишуваш и проза, кажи ни од каде ја црпиш инспирацијата и кој е твојот мотив за секогаш да бидеш позитивен?
Дамјан: Мојата инспирација е мојот живот. Имам објавено само два раскази во јавност "Очај" и "Велики Петок" или "Смртта на L.Sus.Ficer" кои можете да ги прочитате на мојот блог http://filmknigakultura.wordpress.com/.
Освен од мојот живот инспирација црпам и од мојот омилен режисер Lars von Trier, од моите омилени актери: Весна Петрушевска, Билјана Драгичевич, Драгана Костадиновска, Билјана Беличанец, Мето Јовановски и други. Омилени уметници ми се: Дали, Ешер, Леонардо да Винчи и секако Гордана Вренцоска.
Јас не сум ниту писимист, ниту оптимист. Јас сум само реалист - секогаш на работите гледам со максимална реалност. Нешто што највеќе го мразам е лажната надеж која за жал вирее низ денешниот свет и нашите генерации.
Твое време: Освен ан драмата која е во подготовка, на што друго работиш во моментот?
Дамјан: Моментално работам на мојата прва книга која планирам да ја издадам идната година. Книгата нема да биде роман, туку збирка од раскази. Вие ја имате честа први да дознаете нешто за мојата идна книга. Книгата ќе биде издадена во два дела и ќе претставува слика на дваесет и првиот век и на мојот живот.

No comments:
Post a Comment