Уште една талентирана личност во нашето градче Кочани. Случајно го фативме "на дело" во паркот со својот фотоапарат, па си направивме муабет. Станува збор за Александар Арсов, момче со преголема страст и љубов кон фотографирањето.
Твое време: На интернет порталите веќе подолго време се популарни
твоите фотографии. Кажи ни нешто повеќе за твојата љубов кон
фотографирањето. Колку време се занимаваш со фотографирање?
Александар: Морам да признаам дека тоа беше љубов на прв поглед. Добро се сеќавам кога ‟еден прекрасен сончев
викенд‟ со моите пријатели излеговме да прошетаме. Бевме мали. Имавме околу 11 или 12
години.
Сретнавме пријатели кои беа повозрасни од нас, а едниот од нив носеше фотоапарат.
Едниот од моите пријатели побара да фотографира со апаратот на другарот и тој му дозволи. Се започна од тогаш кога и јас реков ‟Може и јас да се обидам да направам една фотографија?"
Едниот од моите пријатели побара да фотографира со апаратот на другарот и тој му дозволи. Се започна од тогаш кога и јас реков ‟Може и јас да се обидам да направам една фотографија?"
Потоа се случуваше да наидам на фотографи кои фотографираа и добиваа навистина убави фотографии. Можеби им завидував затоа што правеа навистина убави фотографии и така јас решив да
почнам да фотографирам со мојот телефон.
Потоа следи моментот кога ми купија полупрофесионален апарат. Многу се
трудев да направам некои фотографии, но сепак не можев да го постигнам она
што го сакав и она што го постигнуваа другите. Точно една година и пет месеци за роденден добив професионален
апарат. Секоја фотографија која ќе ја направев ми беше најубава на свет. Но сепак тоа беше така додека не помина некое време, за сега од
фотографирани сто фотографии, да ми се допаѓа само една.
Твое време:
Од
каде ја црпиш инспирацијата и што најмногу обожаваш да фотографираш?
Александар: Инспирацијата ја црпам од се што наоѓа околу мене. Буквално
се. Се има посебна инспиративна убавина која ја крие во себе, а добриот
фотограф треба да ја препознае и да ја искористи.
Твое време: Ученик си на економската струка во СОУ “Љупчо Сантов” –
Кочани. Зошто ја одбра токму оваа струка?
Александар: Желбите на нас учениците секогаш се големи. Секако дека
секој сака да учи тоа што го сака, но сепак одлуките кои ги донесуваме во овој периот не се доволни зрели, па затоа оставив простор да размислам убаво за
мојата професија која ќе сакам да ја работам во иднина.
Ја избрав
токму оваа струка затоа што од понудените најмногу се
пронајдов во економската.
Твое време: Која
е твојата најголема страст во животот? Освен фотографирањето, со што друго се
занимаваш?
Александар: Музиката е мојата втора љубов. Честопати ја земам мојата гитара за да се одморам и се
замислувам длабоко, се полнам со нова инспирација за нови дела.
Твое време: Дали мислиш дека Кочани е град во кој младите имаат простор
и слобода да ги презентираат своите таленти?
Александар: Проблемот со
кој се соочуваме не е просторот и слободата, туку публиката пред која ќе се презентира вложениот труд и креативноста на поеднинецот или групата.
Секое создадено дело има посебна убавина и таа треба да биде сфатена и
прифатена од страна на публиката за личноста да напредува.
No comments:
Post a Comment