Monday, April 28, 2014

Јована Јорданова: Најголемата поддршка и причината за мојата среќа е моето семејство



Истокот навистина раѓа таленти. Јована Јорданова е девојката која уште еднаш ќе ни го потврди тоа.
Станува збор за 15 годишна ученичка во СОУ "Љупчо Сантов" која поседува голема страст и љубов кон актерството. Стапивме во контакт со Јована, па проследете го нашиот разговор.

-Твое време: Кажи ни нешто повеќе за тебе. Што е она што најмногу те исполнува? 
-Јована: Здраво, ви благодарам што се сетивте и на нас актерите. Во животот најмногу ме исполнува актерството. Ме релаксира и ме исполнува, кога се соживувам со ликовите заборавам на се' останато.
-Твое време: Дали актерството е твоето хоби или пак работата која навистина сакаш да ја работиш? 
-Јована: Актерството за мене има посебно место во мојата душа и навистина го сакам. Се надевам дека еден ден ќе бидам професионална во работата која сакам да ја работам.
-Твое време: Кажи ни нешто повеќе за драмата "Домот на Бернанда Алба". Колку време се подготвувате за неа?
-Јована: Ова е нашата прва драма за возрасни. Задоволни сме од самите себеси пред се' и благодарни на режисерката. Се подготвуваме околу четири месеци и дадовме се' од себе.
-Твое време: Какво искуство ти донесе "Домот на Бернанда Алба"?
-Јована: Добив поголема самодоверба, поголем интерес кон работата и уште поголема љубов кон актерството. Ова беше големо искуство за мене. 
-Твое време: Кој е твојата најголема поддршка во животот? 
-Јована: Најголемата поддршка и причината за мојата среќа е моето семејство. Без нив не би успеала во ништо. Ја поздравувам нашата режисерка Кристина Атанасова Арсова, нашиот костимограф, музичката група Сава Саванович Квартер и сите останати.



No comments:

Post a Comment