Sunday, May 11, 2014

КАЖИ НЕШТО - Настан и искуство за сите средношколци


logo

На 10 Мај 2014 со почеток во 15:30 часот во просториите на МКЦ - Младински Културен Центар во Скопје се одржа финалната вечер на натпреварот во блогирање Кажи нешто
На настанот беа воведени работилници, т.е. предавања: 

Online уметност - Димитар Атанасов и Бојан Гавровски 
Социјални медиуми - Александра Христова и Ива Дујак
Како да преживее вашиот бренд онлајн - Дарко Булдиоски
Дигитална писменост - Илина Јакимовска
Rock n Roll, Blog n Troll - Леон Бакрачески 

Saturday, May 3, 2014

Ивана Карова во зборникот "Rukopisi 37"



Фестивалот "Rukopisi 37" кој годинава ќе се одржи во Панчево, Србија неодамна ги објави учесниците кои конкурираа на конкурсот од поранешните Републики на Југославија. 

Право на учество имаа сите момчиња и девојки од 15 до 30 години кои се од поранешните Републики на Југославија.
Годинава на конкурсот за зборникот конкурирале 250 автори од кои биле избрани само 46. 

Tuesday, April 29, 2014

Дамјан Павлов: Јас сум реалист – секогаш на работите гледам со максимална реалност

Потрагата по таленти во истокот продолжи и на наша огромна среќа наидовме на Дамјан. Поточно станува збор за Дамјан Павлов од Виница кој има 15 години и поседува повеќе таленти кои му донесоа огромни успеси. Се надеваме дека тој како и сите наши досегашни ликови на блогот ќе ве инспирира и ќе ве потикне да работите на вашите таленти и желби.

Твое време: Со оглед на тоа што знаеме дека си успешен на повеќе полиња, кажи ни што е она што највеќе те исполнува?
Дамјан: Од мали нозе растев со математиката и уметноста. Она што ме исполнува е она што ме прави среќен. Природните науки, актерството и уметноста ми го исполнуваат секој ден. Свирам и пијано, но оваа година направив мала пауза. Се надевам дека ќе продолжам наскоро.
Твое време: Што е она во кое си најуспешен, а што е она во кое сакаш да го работиш во идинина?
Дамјан: Најуспешен сум во сето она што го работам. За мојата професија во иднина се' уште размислувам. Планирам да се запишам на Медицински факунтет, a во слободно време да се занимавам со нештата кои ги правам сега.

Успесите во СОУ "Гошо Викентиев" не запираат

СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани иако веќе неколкупати се докажа како училиште со многу успеси и признанија, деновиве сработениот филм  со наслов "Заедно да го насмевнеме светот" од страна на екипа од ученици се најде на списокот на најдобрите десет во натпреварот МАССУМ 2014, кој годинава ќе се одржи на 2 и 3 мај во Крушево. 
Ментор е професорката Павлина Атанасова, за која учениците велат дека секогаш ги поддржува во сите проекти и натпревари. Режијата е на ученикот Дени Илиов од четврта година. Сценариото е на Ивана Карова, ученичка во втора година, додека видео монтажата е на Гоце Димитров од четврта година. Актерската екипа ја сочинуваат: Христина Милцова, Виктор Крстевски, Иван Златанов, Горан Андов, Егбил Саидов и Славчо Јованов.

Екипата која работеше на филмот

Monday, April 28, 2014

Јована Јорданова: Најголемата поддршка и причината за мојата среќа е моето семејство



Истокот навистина раѓа таленти. Јована Јорданова е девојката која уште еднаш ќе ни го потврди тоа.
Станува збор за 15 годишна ученичка во СОУ "Љупчо Сантов" која поседува голема страст и љубов кон актерството. Стапивме во контакт со Јована, па проследете го нашиот разговор.

-Твое време: Кажи ни нешто повеќе за тебе. Што е она што најмногу те исполнува? 
-Јована: Здраво, ви благодарам што се сетивте и на нас актерите. Во животот најмногу ме исполнува актерството. Ме релаксира и ме исполнува, кога се соживувам со ликовите заборавам на се' останато.
-Твое време: Дали актерството е твоето хоби или пак работата која навистина сакаш да ја работиш? 

Friday, April 25, 2014

Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во ЈОУБ "Искра"

На ден 24.04.2014 во 14:00 часот во просториите на ЈОУБ "Искра" беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторкото право.
Членовите на ЛК "Копнеж" се претставија со свои литературни творби, а сите присутни добија книга и цвеќе. 
Читањето беше посветено на книгата, а беа прочитани и пораки од УНЕСКО и македонската порака од нашиот автор Митко Маџунков.

Tuesday, April 22, 2014

СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани и оваа година учесник на МАССУМ

Како и секоја година, така и оваа СОУ "Гошо Викентиев" се најде меѓу учесниците на МАССУМ. Учениците во последните подготовки, ни ги споделија импресиите и очекувањата.
-"Ќе дадеме се' од себе, ќе се потрудиме да бидеме меѓу најдобрите, како и секогаш. Знаеме дека конкуренцијата е голема, но сепак веруваме во нашите знаења и квалитети. Нашите ментори се нашата најголема поддршка, како и нашиот директор Димче Сребренов. Нашето досегашно искуство не прави уште поспремни, веруваме дека од Крушево ќе се вратиме со многу награди и признанија." - изјавија учениците од втора, трета и четвра година.

Учениците од СОУ "Гошо Викентиев" на МАССУМ 2013, Тетово