Tuesday, April 22, 2014

СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани и оваа година учесник на МАССУМ

Како и секоја година, така и оваа СОУ "Гошо Викентиев" се најде меѓу учесниците на МАССУМ. Учениците во последните подготовки, ни ги споделија импресиите и очекувањата.
-"Ќе дадеме се' од себе, ќе се потрудиме да бидеме меѓу најдобрите, како и секогаш. Знаеме дека конкуренцијата е голема, но сепак веруваме во нашите знаења и квалитети. Нашите ментори се нашата најголема поддршка, како и нашиот директор Димче Сребренов. Нашето досегашно искуство не прави уште поспремни, веруваме дека од Крушево ќе се вратиме со многу награди и признанија." - изјавија учениците од втора, трета и четвра година.

Учениците од СОУ "Гошо Викентиев" на МАССУМ 2013, Тетово

Friday, April 11, 2014

Ангелчо Илиевски гостин во М.О. Авангарда во СОУ "Гошо Викентиев"

Веќе традиционално секоја година во М.О. Авангарда при СОУ "Гошо Викентиев" гостуваат познати личности од нашиот крај. Минатата година нивен гостин беше комичарот Бојан Велевски. 


Овојпат по желба на учениците и членовите на М.О. Аванграда гостуваше познатиот режисер и актер Ангелчо Илиевски. 


Ангелчо Илиевски своето основно и средно образование го завршува во Кочани, во негониот роден град. Средното училиште го завршил во СОУ "Гошо Викентиев" и бил поранешен претседател на М.О. Авангарда.


Моментално е студент на Драмскиот факултет во Скопје.

Илиевски на денешното гостување учениците ги запозна со познатите форми на театарот, што претставува театарот и друго.
-"За да бидеш актер и да успееш во оваа професија, треба да жртвуваш многу работи" - кажа Илиевски.
-"Зошто дозволуваме секој човек после неговата смрт сосем да се заборави? Верувајте во себе, отворете ги очите и направете нешто вешто и вистинско за да се зборува за вас и после стотина години." - додаде.

Sunday, April 6, 2014

Ивана Карова - КОЛУМНА: Приказните секогаш имаат две страни

И додека размислував како да почнам да пишувам за оваа тема, се обидував да го најдам основниот проблем со кој се соочуваме денес. Но овде сте и вие да ми помогнете, зар не? 
Верувам дека и вам како и мене ви е смачено од безначајните празни муабети за тоа какво момче имала другарката на другарка и, што се случувало минатата недела, колку добро и стоеле потпетиците на девојката, колку момчиња имала, а била во основно итн. Верувам дека ви е смачено и од постојаното озборување и исмејување, било на ваша или нечија сметка. Мислам дека е време да ги формулираме сфаќањата и јадрата, т.е. мотивите на овие зла, заеднички.

Пред некое време прочитав: „Озборувањето е опиум за потиснатите“. Кога подобро би тргнале кон сознанијата, би се соочиле со околностите. Околностите во кои постоиш и ти. Дали го знаете она чувство кога несигурно и со страв чекорите со железни обувки по подот од стакло? Толку тивко за да не ги разгорите бунтовните фантазии на луѓето. Се прашувам, што е она што не прави толку љубопитни? Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта. Што би рекол еден другар: Само ограничените умови се занимаваат со останатите и борбата за врвот.

Monday, March 31, 2014

Професори од СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани во Германија

Група професори од СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани се во посета на градот Ахен - Германија, каде во рамките на проектот финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност (преку Програмата Доживотно учење), ќе презентираат сопствени изработки на картинг и лего роботи од  СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани.  





Tuesday, March 25, 2014

Промоција на монографијата "Кучичино - минато, сегашност и иднина"

Денеска во просториите на ЈОУБ "Искра" во Кочани се одржа промоција на монографијата "Кучичино - минато, сегашност и иднина" чиј автор е Славица Цветкова, професор по македонски јазик и литература во СОУ "Гошо Викентоев" - Кочани и воедно претседател на ЛК "Копнеж".
"Кучичино - минато, сегашност и иднина" е монографија за селото Кучичино во која авторот пишува и ги искористува сознанијата добиени од теренското истражување.
Кучичино е село кое денес припаѓа на Општината Чешиново - Облешево.

Saturday, March 22, 2014

Зоран Мицев: "Коцките ми се редат така како што треба, а најмногу ме радува љубовта"

Зоран Мицев живее во Кочани. Пишува поезија и е член на Литературниот клуб "Копнеж" од Кочани. За себе вели дека е позитивна и амбициозна личност и дека најмногу го радува љубовта. Неговата права книга беше издадена во 2012 година, а веќе подготвува и нешто ново. Прочитајте нешто повеќе за овој млад автор. 

Твое време: Кажете ни нешто повеќе за вас. Што е она што најмногу ве радува во животот?
Зоран Мицев: 100% сум свој-оригинален, добра и позитивна личност, упорен, амбициозен. Ќе цитирам една мисла - "Својот успех го должам на тоа што со почит сум ги ислушувал добрите совети, а потоа сум го правел токму спротивното"-Г.К.Честертон. Ме радува самиот живот, го живеам секој момент од животот, коцките ми се редат така како што треба, а најмногу ме радува љубовта.
Твое време: Кога беше издадена вашата книга и какви успеси ви донесе?
Зоран Мицев: Мојата стихозбирка "Темјанушка" беше издадена во 2012 година. Не сакам и не можам да кажам дека сум на врвот, но ми се случуваат многу убави, добри и позитивни нешта. За кратко време и со само една книга постигнав огромен успех и стекнав огромна популарност не само во Р.Македонија, туку и надвор од нејзе. Мојата поезија е позитивно прифатена и оценета од читателската публика и критичката јавност. Резиме-промоции,манифестации,прилози на веб порталите Зеница.мк,Think.mk, Комарец.мк, во локални весници и брошури, во книги на други автори, на двете локални телевизии и на многу страници поврзани со поезија и проза, редовен член во ЛК "Копнеж" итн.

Wednesday, March 19, 2014

Ивана Карова - КОЛУМНА: Стравот од исмејување - пречка кон успехот


Кога ја наполнив мојата 16-та година мислев дека сите околу мене ми се непријатели. Ги одврзав јазлите на трпението и повеќе се посветив на самодовербата и почита кон самата себе, оставајќи доволно длабока јама помеѓу мене и егото, за да останам спремна за во самоодбрана. 
Помина и тоа. Сега сум само личност која строго гледа на работите кон себе, барајќи уште (кога станува збор за надградувањето на самата себе). Во меѓувреме наидувам на сопатници, личности кои се подготвуваат за тој пат, барајќи парче поддршка иако мотивот веќе го имаат. Конечно дојдовме до јадрото на темата: Стравот од неуспехот, стравот од товарот, стравот од исмејување.
Кога станува збор за стравот од исмејување, во овој случај личноста се наоѓа во зоната на совладување, поточно зоната во која дозволува останатите да командуваат со неа. Едноставно кажано, личноста има талент, можност, скромност, желба, надеж дека ќе успее, поддршка од родителите, но огромен страв од исмејување од околината, т.е. публиката пред која ќе се прикаже сработеното. Ваќа умираат дел таленти секојдневно, додека тивко се повлекуваат во силуетата на рамката од неостварени идеи.